Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите Савески и Куновски уште не излегуваат од дома

Демонстрантите Савески и Куновски уште не излегуваат од дома

Демонстрантите од „Шарената револуција“ Здравко Савески и Владимир Куновски не смеат да излегуваат од дома и поркај тоа што во петокот судот им го укина домашниот притвор.

„Четири дена по укинувањето на притворот на Владо и Здравко, тие уште не можат да излезат од дома, зашто решението не им е доставено“- напиша утрово на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ од „Левица“. Тој на Фејсбук напиша дека вчера уште едно лице добило кривична пријава за фрлање боjа во Битола.

Судот во петокот го укина притворот за Савески и Куновски. Судот најави дека ќе преземе други мерки со кои ќе го обезбеди нивното присутство на судењата и им ги одзема пасошите.

Двајцата 45 дена беа во куќен притвор. Тие се товарат за демолирање на канцеларијата на претседателот на државата,  Ѓорге Иванов.

Слично

Поврзани вести