Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите Савески и Куновски официјално се на слобода

Демонстрантите Савески и Куновски официјално се на слобода

Демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски од „Левица“ и официјално се на слобода.

Попладнево го добиле писменото решение за укинување на куќниот притвор. Одлуката за ослободување од куќниот притвор судот  на барање на барнителите  ја донесе во петок. Рокот за жалби денеска истече по одлуката и таа станала правосилна.

„По 50 дена поминати во куќен притвор и по 4 дена поминати во чекање одлуката за укинување на куќниот притвор да стане правосилна – конечно можеме да излеземе од дома. Судењето продолжува, правдата не е задоволена, од борбата не се откажуваме – до конечната ПОБЕДА!!!“- напиша на Фејсбук, Савески.

Двајцата се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

На Савески и на Куновски во петокот им беа одземени пасошите, но за да можат да излезат од дома тие го чекаа писменото решение од судот.

Судењето ќе продолжи на 6 јули.

Слично

Поврзани вести