Демонстрантите сакаат да се пробијат до штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Демонстрантите се обидуваат од пред Собранието, да се пробијат низ полицискиот кордон и да го продолжат протестот кон штабот на ВМРО ДПМНЕ.
Тие фрлаат лименки, пластични шишиња и други предмети кон полицијата. Во судирите има неколку повредени. Улицата „Даме Груев“, која води кон седиштето на ВМРО ДПМНЕ засега е непроодна.
Демонстрантите во 18 часот тргнаа кон СЈО и канцеларијата на Иванов, сега од пред Собрание се обидуваат да стигнат до штабот на владејачката партија. За одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари се протестира втор ден, со тоа што денешните протести се помасовни.
Слично
