Демонстрантите протестираат со мото „Тоа не е кривично, тоа е прекршочно дело”
Демонстрантите од „Шарена рвеолуција“ повторно се пред СЈО за нов протест, а мотото е "Тоа не е кривично, тоа е прекршочно дело".
Тие не отстапуваат од остварување на барањата. Бараат да се запре прогонот на демонстрантите и Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за СЈО.
„Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични“ - пишуваат на Фејсбук од „Шарената револуција“.
Освен Скопје и Тетово ќе се придружи на протестите.
Утре ќе се блокираат мостови во Скопје напладне.
Слично
