Демонстрантите продолжија кон Владата
Демонстрантите кои беа спречени со полициски кордон да протестираат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во моментов се движат кон Владата.
Состојбата на терен е тензична. Полицијата со солзавец и шок бомби успеаа да ги избркаат демонстрантите кои беа во близина на кафулето „Горки“. Протестот почна во 18 часот. Се бара оставка од Иванов, експертска влада за организирање на фер избори и ослободување на уапсените од вчера.
Протестот денеска е помасовен од вчера.
Слично
