Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите порачуваат-„Не за криминалците“

Демонстрантите порачуваат-„Не за криминалците“

Демонстрантите од „Шарената револуција“ кои попладневно се собраа пред СЈО, порачуваат-„Не за криминалците“.

„Соборци и соборки, сограѓанки и сограѓани, борбата за слобода и правда трае и ќе трае. Немирни сме зашто нема правда. Од сите нас зависи на кои начини ќе го оневозможиме режимот и понатаму да ги урнисува индивидуата, општеството и државата. Секој/а од нас е повикан/а да учествува во различните форми на отпор и пркос со цел дисторзија, исчашување и на крајот отстранување на режимот од системот. Имајќи ги во предвид последните случувања со одложените избори, враќањето на сила на влада составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и притворањето на наши соборци, ги ревидиравме барањата во некои делови и ги објавуваме повторно!“ - напишаа на Фејсбук организаторите на протестот.

Се протестира повеќе од 40 дена во Скопје. Револтот го изразуваат и граѓаните на другите градови затоа што претседателот Ѓорѓе Иванов помилува 56 политичари.

Слично

Поврзани вести