Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите оставија цвеќе пред споменикот на Јосип Броз Тито

Демонстрантите оставија цвеќе пред споменикот на Јосип Броз Тито

Демонстрантите од „Шарената револуција“  оставија цвеќе пред споменикот на Јосип Броз Тито.

Денеска е Денот на младоста и роденденот на Тито. Пред Специјалното јавно обвинителство започна протестниот марш на граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“.

„Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! #Протестирам не е проект со ограничено времетраење ниту пак нечиј инструмент за постигнување некаква цел - тоа е нов менталитет на МОЌНИ граѓанки и граѓани, кои извикуваат ДОСТА Е, но и кои самите ја градат визијата за подобро општество!“- порачаа од организацијата на страницата на Фејсбук.

Демонстрантите ќе се упатат кон Собранието.

Слично

Поврзани вести