Демонстрантите ќе ноќеваат пред МНТ
Наместо пред Уставен суд, демонстрантите ќе ноќеваат пред Македонскиот народен театар.
Граѓани, активисти, симпатизери на политички партии беа блокирани пред Музејот на ВМРО и не им беше дозволено доближување до Уставниот суд. Револтирани демонстрантите решија ноќта да ја поминат пред МНТ , каде симболично ќе организираат бдеење за одбрана на Уставот. Целта е собирот да биде мирен, да не дојде до судири со учесниците на контрапротестот и припадниците на МВР.
Присутните на протестот, бараат да се стопира укинувањето делови од Законот за помилување, со што на претседателот ќе му се овозможи да помилува лица осудени за изборни нерегуларности и педофилија.
Слично
