ВИДЕО:Демонстрантите испишаа пароли на Порта Македонија
Демонстрантите револтирани од неможноста да се приближат до Собранието, со бои напишаа пораки и пароли на Порта Македонија.Тие со боја и јајца фрлаа кон Триумфалната капија по што се упатија кон плоштадот. Претходно демонстрантите им поделија цвеќиња на полицајците кои не им дозволија да протестираат пред Собранието и извикуваа „Кого штитите?“.
Не се знае дали демонстрантите ќе останат на плоштадот или ќе се упатат кон друга локација.“Овие луѓе се добри луѓе и бранители од 2001 година и знаат подобро што се случува во нашата земја и ќе се свртат против нив кога ќе дојдеме овде 100 .000“- изјави генерал Стојанче Ангелов, лидер на Достоинство.
Во продолжение видео од настанот:
Слично
