Демонстранти во Истанбул побараа „Света Софија“ да стане џамија
Стотици демонстранти учествуваа на митингот во Истанбул со барањето црквата „Света Софија“ да биде претворена во џамија, соопштуваат локалните медиуми.
Демонстрантите се собрале околу црквата „Света Софија“ во историскиот регион Султанхамет, носејќи транспаренти на кои пишувало: „Света Софија треба да биде отворена повторно во својство на џамија“, како и постери со исламистички пароли.
Демонстрациите биле организирани од голем број невладини организации во Турција.
Црквата „Света Софија“ е некогашен православен храм, изграден во 6 век. По падот на Константинопол во 1453 година црквата е претворена во џамија. Во 1935 година со одлука на основачот на Турската република Кемал Ататурк храмот е претворен во музеј. Црквата е дел од Светското наследство на УНЕСКО.
