Демонстранти од „Шарената револуција“ ќе протестираат во 15 градови
Во 15 градови низ Македонија вечерва ќе се одржат протести против одлуката на шефот на државата, Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари.
Ќе се протестира во Куманово во 18.30, Штип во 18, Кочани исто во 18. Делчево во 18, Крива Паланка во 18, Велес во 18.30, Прилеп во 19, Гевгелија во 19.30, Струмица во 19, Радовиш во 19, Струга во 18, Ресен во 19, Кичево во 18 и Битола исто во 18 часот.
Во Скопје вообичаено се протестира во 18 часот пред СЈО. „Протестирам“ веќе месец дена организира протести низ државата со барање за оставка на Иванов, повлекување на аболицијата и одложување на изборите.
Слично
