Демонстранти од Битола повикани на распит во полиција
Голем број граѓани, активисти, членови на СДСМ кои протестираат како дел од „Шарената револуција“ во Битола, денеска се повикани на распит во полиција.
Според неофицијални информации, се работи за повеќе од 40 луѓе. Тие се испрашувани за боењето на општинската зграда, судот, споменикот Филип Втори и киното Манаки. Учесниците на протестите велат дека ова е обид за заплашување и вршење притисок. Меѓу повиканите беше и еден од истакнатите активисти на „Битолско движење“ Иван Чулаковски, кој учествуваше и во герила акцијата кога врз битолскиот градоначалник, Владимир Талески беа фрлани лажни банкноти.
Од СВР Битола велат дека немало закани врз граѓаните кои се повикани на разговор и дека станува збор за тековна работа на инспекторите по барање на јавното обвинителство.
