Демонстранти ги блокираа крстосниците во Скопје
Демонстрантите од „Шарената револуција“ ги блокираа крстосниците кај Црвен крст, Судска палата и Соборен храм.
Ова се новите форми на отпор откако протестите против аболицијата влегоа во осмата недела.
Од „Шарената револуција“ објаснуваат дека ова е блокада за правда и слобода, блокада против аболиции за криминалци.
„Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка! Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија!“- велат тие.
На социјалните мрежи движењето „Протестирам“ потенцираат дека веќе се влезени во осмата надела на секојдневни протестите.
Слично

