Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз предлага да се избере експертска Влада

Демократски сојуз предлага да се избере експертска Влада

Од Демократскиот сојуз велат дека треба да се договори ориентационен датум за избори, а не фиксен, како и дека е важен редоследот на потезите.

Демократскиот сојуз предлага во најкус период да се избере Реформска (експертска) Влада, со јасни приоритети, која треба да спроведе длабоки реформи во судскиот систем, безбедноста и медиумите.

„Преку реформските процеси, треба да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори, а датумот на изборите да се одреди по завршување на реформите и верификација на избирачкиот список од ДИК, кој треба да се прочисти од партиските кадри“, се наведува во соопштението на ДС.

ДС инсистира преговарачкиот процес да биде транспарентен и во него да се вградат и предлозите од другите партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите.

Слично

Поврзани вести