Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз: ДИК да достави извештај до Собранието за прочистување на списокот

Демократски сојуз: ДИК да достави извештај до Собранието за прочистување на списокот

Државната изборна комисија, да достави извештај до Собранието, во врска со прочистувањето на избирачкиот список, реагира Демократскиот сојуз.

Бараат понатаму врз основа на извештајот,  Парламентот да отвори расправа и да процени дали еден од важните предуслови, прочистен избирачки список, за спроведување на фер, слободни, демократски и кредибилни избори на 5 јуни е исполнет.

„Во услови на системска блокада на државните институции, без реформи во правосудство, без одговорност на креаторите на политичката криза, а со досега невидена манипулативна медиумска кампања, изборите нема да ја разрешат кризата. Затоа очекуваме реални оценка од сите партии, при што интересите на државата и граѓаните треба да бидат пред личните и партиските“- пишува во соопштението од Демократски сојуз.

Од партијата потенцираат дека се работи за иднината на државата и  затоа е неопходно разумно, одговорно и државничко однесување.

Слично

Поврзани вести