Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократски сојуз: Аферите го покажаа грдото лице на политиката

Демократски сојуз: Аферите го покажаа грдото лице на политиката

Демократскиот сојуз, по повод  петнаесет години од своето формирање денеска во хотел Континентал одржа Свечена Седница.

На седницата беше откриен новиот модел - проект и законски решенија кои ги подготвила оваа партија.

„Длабока политичка криза. Пуч и прислушување, полн дијалог и системски промени. Никој не смее да биде иземен.

Грдото лице за власт и пари на голем број политичари се покажа со овие афери. И слекување до сиромаштија, партизација на судство, катастрофална состојба со медиумите. Сето ова е предизвик да нудиме решенија.

Знаеме дека нема да поминеме лесно во оваа борба но наша определба е чесноста“, изјави лидерот на оваа партија Павле Трајанов.

Тој истакна дека за Демократскиот сојуз приоритет се отварање нови работни места и развој на економијата за раст на квалитетот и наталитетот. Сите компании мора да обезбедат плати како во нивните матични земји.

„Не смееме да бидеме земја каде се експлоатира трудот на работникот. ЕУ е наша цел и кон неа се стремиме. Сигурен сум дека ќе бидеме дел од НАТО а противниците ќе бидат разобличени“, посочи тој.

ДС најави дека до крај ќе го имплементира „ДЕКРИ“ проектот кој предвидува одговорност за секој што ја злоупотребил довербата на граѓаните и конфискација на нелегално стекнат имот.

„Демократскиот сојуз има Нов Проект „Македонија да биде една изборна единица без изборен праг и отворени листи“ а тоа ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните“, истакна Трајанов.

Тој рече дека се отворени за нови идеи и кадри, како и за соработка со други партии, невладиниот сектор, граѓански движења , со сите кои сакаат Македонија да биде пристојно место за живеење.

Слично

Поврзани вести