Демократски сојуз - Можно е на референдум да се гласа против Иванов
Демократскиот сојуз предводен од Павле Трајанов се приклучува на групата на критичари против претседателот Иванов кој донесе невообичаена одлука да не го дава мандатот за составување по втор пат и намена свои услови кои воопшто не се дел од Уставот.
- По аболицијата на 56 носители на високи политички и државни функции, како и на нивните соработници, заштитата на партиските интереси на ВМРО- ДПМНЕ, давањето на мандатот на партијата која нема мнозинство во Парламентот, а по неуспешниот обид да формира Влада, да го условува СДСМ да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник, се доволни причини, Ѓорги Иванов да се повлече од функцијата, велат од Демократскиот сојуз.
„Тој е зрел за импичмент, но таква иницијатива ќе пропадне поради неможноста во Парламентот и Уставниот суд да се обезбеди дво-третинско мнозинство. Можеби е подобро со локалните избори да се гласа и на референдум за смена на Иванов.
Во меѓувреме во текот на денешниот ден или утре, да се избере претседател на Собранието и веднаш по тоа и Влада. Само на тој начин ќе се стави крај на игрите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Иванов“, се наведува во соопштението на ДС.
