Демократија или диктатура: Што се случи на денешните избори!?
Вечерва се огласи и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, според која изборниот ден помина согласно највисоките демократски стандарди. Според Јанкуловска нема регистрирано ниту еден посериозен инцидент, ниту пријави за какво било нарушување на изборниот процес.Таа соопшти дека на речиси сите 1.614 избирачки места гласањето заврши без проблем и почна пребројувањето на гласовите, а само на неколку места, под еден отсто, избирачкиот процес бил продолжен заради прекини.
„Граѓаните и денеска мирно и достоинствено, во фер и демократска атмосфера, го дадоа гласот за опцијата и програмата за која сметаат дека ќе им овозможи попросперитена иднина. Не подлегнаа на манипулации и сценарија што беа најавувани во претходните денови. Исто така не дозволија да бидат вовлечени во инциденти“, истакна министерката.
Невладините известуваат за бројни притисоци Од Граѓанската асоцијација МОСТ која со повеќе од 2000 набњудувачи ги следеа денешните избори во текот на целиот ден известуваа за бојни нерегуларности ширум Македонија. Стотина случаи на семејно и јавно гласање забележале нивните набљудувачи, фотографирање на ливчиња, агитирање. Од невладината Цивил пак забелешките се уште поостри. Како една од најрадикалните форми на притисок врз граѓаните во текот на овие избори тие известуваат за случај каде што активисти на политичка партија им се заканувале на гласачите во едно беровско село дека ќе ги убијат и дека ќе им го запалат имотот доколку не гласаат за нивната партија. Оттаму посочуваат и дека забелешале гласачи од Пустец, кои во избирачкиот список фигурираат во голем број на една иста адреса. „Во општина Центар е прилично тензично. Според извештаите, гласачи од Пустец се распоредени на повеќе гласачки места низ општината и предизвикуваат револт кај граѓаните кои се јавуваат во Цивил и реагираат преку социјалните мрежи“, забелжуваат од Цивил за забележаните недоследности низ избирачките места. Оттаму известуваа и за тензична атмосфера во Кочани каде во текот на минатата ноќ од страна на полицијата биле приведени десетина активисти на една партија кои делеле пропаганден материјал. При приведувањето, додаваат, на еден од нив нив му се влошила здравствената состојба, по што бил пренесен во болница. Според најновите извештаи, од приведените едно лице сè уште е во притвор, додека другите се ослободени. Полицијата во овој град е со засилено присуство, стои во извештајот на Цивил. Исто така нивните набљудувачи забележале проблеми во Велес во делот на избирачките списоци каде што фигурирале починати гласачи, а известуваат и за директен притисок врз граѓаните од стана на претставници на една политичка партија. За проблеми во Велес јавува и кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Аце Коцевски, кој иако најави дека очекува победа рече дека изборите се ова се најнедемократските и највалканите избори во историјата на Македонија за кои посакува никогаш да не се повторат. СДСМ: Кулминација на изборните нерегуларности Изборните нерегуларности од првиот круг кулминираа, ова беа нелегитимни и недемократски избори, граѓаните не гласаа по своја волја туку по волја на партискиот врв на владејачката ВМРО- ДПМНЕ. Ова се првичните оценки на опозициската СДСМ за вториот круг од локалните избори. „Евидентни беа сите можни нерегуларности кои што ме да се замислат: поткуп, упување на гласови, присил, организирано носење на гласачи со помош на полициски и други државни службеници и државни возила“, рече Игор Ивановски од СДСМ. Ј.Ј.