Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕМОГРАФИЈА И ЕКОНОМИЈА: Има ли место за младите луѓе?

ДЕМОГРАФИЈА И ЕКОНОМИЈА: Има ли место за младите луѓе?
На крајот на 30-тите години на 20-тиот век економисти кои се обидуваат да објаснат како е можно депресијата да трае речиси една деценија, се запрашаа и дали проблемот не е во недостатокот на луѓе. "Една промена од раст кон намалување на бројот на население може да е многу штетна", рекол Џон Мејнард Кејнз во 1937 година. Следната година, друг истакнат економист, Алвин Хансен, изразил загриженост дека САД остануваат без луѓе, територија и нови идеи, пишува во својата анализа The Economist. Пред една година Лери Самерс од Универзитетот Харвард го врати во во живот поимот "трајна стагнација" ("secular stagnation") за да ги опише долготрајните тешкотии на богатиот свет. Слабата побарувачка и прекумерните заштеди направија невозможно економскиот раст да биде стимулиран со вообичаениот инструмент на ниски краткорочни каматни стапки, гласеше неговиот аргумент. Можно е демографијата да игра главна улога за болеста која Самерс ја опиша - дури и како по главна отколку во 30-те години на 20-тиот век. Стареењето на населението може да го инхибира економскиот раст и каматните стапки на неколку начини. Најдиректен е преку понудата на работна сила. Потенцијалниот бруто домашен производ (БДП) на една земја зависи од бројот на работниците и нивната продуктивност. Како во Германија, така и во Јапонија, работоспособното население се намалува повеќе од една деценија, притоа темпото на намалување ќе се забрза во следните години. Потенцијалната работна сила во Велика Британија ќе престане да расте во наредните децении, а во САД ќе расте само со една третина од темпото од 0,9% кои преовладува од 2000 до 2013 година. Под еднакви други услови едно половинапроцентно одложување на зголемувањето на работоспособното население ќе го избрише аналогно економски раст. Овој ефект треба да биде се чувствува постепено. Можно е сепак рецесијата да го забрза овој процес, охрабрувајќи многу работници да се пензионираат порано. Во САД првите претставници на бејби бум генерацијата добија државна пензија во 2008 година, кога навршија 62 години. Според неколку истражувања на ова може да се должи половина од намалувањето на уделот на работоспособното население, било вработено или бара работа, од 66 до под 63%. Ова сценарио се повторува како она што се случи во Јапонија, која падна во стагнација и дефлација во 90-тите години на 20-тиот век горе-долу во исто време, кога нејзиното население во работоспособна возраст почна да се топи. Бројот и возраста на населението исто така може да влијае на тоа колку корисници и работници може да собере бизнисот и колку ќе инвестираат самите тие. Кејнз и Хансен се согласни дека со намалување на бројката на населението ќе има помала потреба од од стоките произведени од американските фабрики. Современите модели на економски раст тргнуваат од претпоставката дека на фирмите им е потребна одредена маса капитал на работник - опрема, згради, земјиште и интелектуална сопственост - за производство на единица производ. Ако помалку работници се на располагање да бидат вработени, тогаш и фирмите ќе имаат потреба од помалку капитал. Свет на должници Третиот начин на кој демографијата може да влијае на економскиот раст и каматните стапки, е преку заштеди. Луѓето обично земаат големи кредити во почетокот на своето полнолетство, за да платат за образование, куќа и бебиња, штедат цврсто во средната возраст и ги трошат овие заштеди, откако ќе се пензионираат. Коен Толингс од Кембриџ универзитетот пресметал какви би требало да се колективните заштеди на различните страни ако се земе во предвид нивната демографија. Поголемиот прираст на населението и најкраткиот период на добивање на пензија бараат помалку заштеди; постарата популација - повеќе. За САД потребната капитална маса изнесувала -228% од БДП во 1970 година: домаќинствата земалеле повеќе кредити, отколку што собирале заштеди, бидејќи нивната релативна младост и краткото просечно времетраење на животот значело дека тие сакаат да имаат доволно приходи во иднина, за да ги исплатат своите долгови и да го финансираат својот живот по пензионирањето. Но со стареењето на населението, дојде до забавување на растот на капиталната маса и зголемување на годините во пензија благодарение на поголемиот животен век, потребното ниво на заштеди достигна 52% од БДП во 2010 година. За Јапонија потребните заштеди се зголемиле од хипотетичките -176% до 119% од БДП во истиот период, за Германија - од 189% до 325%, а за Кина - од -40% до 86%. Овие истовремени напори на толку многу држави да штедат пари за по пензионирањето, во комбинација со слабите инвестиции, доцнењето на потенцијалниот економски раст, фискалните штедење, трупање на парични резерви од корпорациите и нееднаквоста, ја понижуваат"стабилната" каматна стапка, кој постигнува рамнотежа меѓу инвестициите и заштедите. Има, меѓутоа најмалку едно политичко решение. "Повисоката возраст на пензионирање го намалува штедењето", пишуваат Толингс и Ричард Болдвин од Graduate Institute во Женева во издадената неодамна електронска книга. "Можностите да штедиме денес во замена за слободно време и високата потрошувачка утре едноставно се ограничени. Некој мора да ја врши работата утре; не може сите да сме се пензионираме дотогаш". Уделот на работниците кои се пензионираат, сега се намалува во повеќето развиени земји, а наскоро - и во многу држави со новата пазарна економија. Јапонија веќе ги ликвидира странските средства кои нејзините граѓани ги добиле во текот на годините на големи заштеди, Кина и Јужна Кореја почнуваат да го прават истото и Германија исто така ќе ги следи наскоро. Тоа, според прогнозите на Гудхарт, ќе ги врати реалните каматни стапки, кои сега се негативни, назад до историската од 2,5-3% до 2025 година. К.К.
Слично

Поврзани вести