ДЕМИР КАПИЈА ОПАСНА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Судир меѓу два камиони и возило-има тешко повредени!
Демир Капија и понатаму е најопасен дел за возачите .
Синоќа се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и два камиони.
Исходот од несреќата на патот Удово Демир Капија се тешко повредени мајка и син кои се германски државјани кои се префрлени во болницата во Велес.
Автомобилот бил со германски регистарски таблици а камионите кои ги управувале Македонци биле со приколки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот БМВ, 31-годишниот И.С. и сопатничката, 63-годишната Н.Х.С.
Првиот камион „сканија“ со полуприколка бил со прилепски регистарски ознаки и со него управувал 61-годишниот Н.С. од Прилеп, а со вториот камион, исто така со полуприколка, со кавадаречки регистарски ознаки управувал 19-годишниот М. Ѓ. од Кавадарци.
Сообраќајот синоќа бил во прекини, но од утрово е ставен во нормално функционирање.
