Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демант од Водовод: Не сме потрошиле дополнителни пари за зградата

Демант од Водовод: Не сме потрошиле дополнителни пари за зградата

Од ЈП Водовод стаса демант на текстот со наслов “Не се гледа крајот на Скопје 2014, се склучуваат нови милионски договори“, кој го објавуваме во целост:

Почитувани, сакаме конечно еднаш за секогаш да се расчисти со манипулациите околу новата управна зграда на ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде од ваша страна грубо се игра со разни баснословни суми околу чинењето на новата зграда. Не е точно дека ЈП Водовод и канализација – Скопје троши дополнителни средства надвор од постоечките договори. Сите средства влагуваат во постоечката вредносна рамка од потпишаниот договор.

Како што знае јавноста, првичниот договор со компанијата Алпина пропадна, поради стечај на истата. Договорот кој беше потпишан беше со износ од 517,269,895.00 денари, од кој се искористени 136,414,853 денари, односно 2,2 милиони евра, односно 26% и истиот е прекинат. Тоа е едно. Потоа се склучи договор со нов изведувач Алдинг Инжинеринг, во износ од 391,923,911.00 денари, од кој се искористени 222,980,514 денари, 57%, односно 3,6 милиони евра. Вкупно од двата договори беа искористени 5,8 милиони евра, а со последните средства се доаѓа до сума од 6,8 милиони евра без ддв. Очекуваме оваа сума да не се промени значително до крајот на изградбата. Потенцираме дека не станува збор за сума од 21 милиони евра како што е објавено во вашиот текст. Новата управна зграда на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на крај ќе излезе дури и далеку поевтина од предвидениот буџет за истата.

Апелираме, во иднина кога се обработува оваа тема, да не се калкулира со паушални бројки, кои нестручно се собирани како финална вредност на новата управна зграда. Таквите дадени информации ги сметаме за груби манипулации и лаги, со цел да се наштети на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Го задржуваме правото да превземеме правни мерки пред надлежните судови.

Ве молиме овој демант да се објави на истото место, каде е објавен првичниот објавен текст.


Слично

Поврзани вести