Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демант од „Скопски Пазар“

Демант од „Скопски Пазар“

Во текстот „Колку имот отуѓил „Скопски пазар“ за две и пол години?! Каде се парите?“ направени се ненамерни грешки и технички пропусти при пренесувањето на податоци, за што Фактор се извинува на „Скопски Пазар“. Демантот го пренесуваме во целост.

Извинување 

Во текстот со наслов „ Колку имот отуѓил „Скопски пазар“ за две и пол години?! Каде се парите?“ објавен на 28.9.2016 година на „Фактор.мк“ направени се ненамерни грешки и технички пропусти при пренесувањето на податоци кои се однесуваат на отуѓен имот на „Скопски пазар“. 

Првата ненамерна грешка е направена при пренесувањето на податок за отуѓување на имот во Глумово, скопско што е погрешно. Станува збор на отуѓен имот во општина „Центар“ со површина од 10+10 квадратни метри под објект и 22 квадратни метри земјиште. Ненамерната грешка е настаната заради пермутација на називите на општината во која се наоѓа имотот односно „Центар“ и седиштето на фирмата купувач на имотот која е регистрирана во скопско Глумово општина Сарај. 

Втората ненамерна грешка е од технички карактер и се однесува на збир на квадратура на продаден недвижен имот. При проверката констатиравме дека не е точен објавениот податок дека станува збор за 4.625 квадратни метри земјиште. Третиот ненамерен пропуст е направен при погрешното пренесување на квадратурата на земјиште што е продадено во КО „Чаир“ при што во текстот е наведено дека се продадени 4.000 квадратни метри земјиште. Точната формулација од расположливата евиденција е (цитираме): - објект 939 м2; - земјиште: 640/1909 м2 и 689/2068 идеален дел. 

Јавно ги повлекуваме изнесените погрешни факти објавени во текстот и уште еднаш потенцираме дека станува збор за ненамерна грешка и технички пропуст. Воедно се извинуваме на АД „Скопски пазар“, на инвеститорската заедница и на целата јавност.

Слично

Поврзани вести