Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕМАНТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Во моментов на несреќата семафорите работеа регуларно

ДЕМАНТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Во моментов на несреќата семафорите работеа регуларно

Попладнево во центарот на главниот град се случи сообраќајна незгода во која е повреден мотоциклист-разнесувач на пица.

Незгодата  се случила на раскрсницата со булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Јордан Мијаков“ околу 11:20 часот, а во истата учествувале возило марка „Сузуки“ и мотоциклист.

Од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги демантираат тврдењата на дел од медиумите дека семафорите на булеварот биле исклучени.

Во дематот стои дека во моментот на сообраќајната незгода помеѓу автомобил и мотоциклист на крстосницата на булеварот Мајка Тереза и улиците Јордан Мијалков и Васил Ѓорѓов семафорите работеле регуларно, но биле исклучени од сообраќајна полиција во моментот кога возилото на брзата помош пристигнувало на местото на незгодата со цел возилото на брзата помош што побргу да стигне на местото на настанот и да го преземе повредениот.

Бидејќи за оваа сообраќајна незгода во тек е полициски увид, подоцна како доказ може да послужи записникот од сообраќајната незгода со кој најточно може да се утврдат причините за сообраќајната незгода.

Слично

Поврзани вести