Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делта сојот се шири и на Балканот

Делта сојот се шири и на Балканот

Делта сојот на коронавирусот се шири и на Балканот. 

Во Србија се регистрирани осум случаи, но здравстните власти стравуваат дека бројот е многу поголем.

„Пандемијата во целиот свет не може да се реши додека нема доволно вакцинирани луѓе, и сигурно нема да исчезне се додека 70 до 80 проценти од луѓето не бидат имунизирани на глобално ниво. Мислам дека е подобро секој да се вакцинира на време и да се вратиме во нормален живот наместо да прашуваме каде треба да носиме маска“, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

Поради зголемената распространетост на делта сојот во Хрватска, тамошниот Институт за јавно здравје објави нови препораки според кои мерката самоизолација за блиски контакти на пациентите се продолжува на 14 дена.

Внатрешните делови на кафулињата, рестораните, ноќните клубови, како и кината и театрите во Грција, од денеска почнуваат со работа, но само за вакцинирани гости или за лица кои прележале коронавирус. 

Земјите од Блискиот Исток и Северна Африка бележат зголемување на случаите на корона вирусот предизвикани од делтата варијанта, а ситуацијата може да се влоши во наредните недели, соопшти Светската здравствена организација.

foto freepik

Слично

Поврзани вести