Делта сојот го „кочи“ економскиот раст на САД
Во САД, економскиот извештај за третиот квартал се очекува да покаже слаб раст, пишува Њујорк тајмс.
Податоците на владата се очекува да покажат дека економскиот раст нагло забави во текот на летото, бидејќи „тесните грла“ на синџирот на снабдување и пандемијата ја ограничија активноста во продавниците, фабриките и рестораните.
Министерството за трговија ќе ја објави својата прелиминарна проценка за економското производство во третиот квартал. Eкспертите анкетирани од фирмата за финансиски истражувања FactSet очекуваат извештајот да покаже дека бруто домашниот производ, приспособен на инфлацијата, пораснал за помалку од 1 отсто во однос на претходниот квартал, или 3,5 отсто на годишна основа, што е намалување од 1,6 отсто во вториот квартал. Некои експерти предупредуваат дека извештајот може да покаже целосен застој. Забавувањето беше делумно резултат на ширењето на варијантата Делта, што доведе до тоа многу Американци да се повлечат од патувањата, оброците во рестораните и другите активности. Поновите податоци сугерираат дека луѓето се вратиле на тие активности бидејќи опаднале случаите на коронавирус, а повеќето економисти очекуваат значително побрз раст во последните три месеци од годината.
Многу бизниси, исто така, се борат да најдат доволно работници за да произведуваат, продаваат и испорачуваат производи.
