ДЕЛТА СОЈОТ Е ТУКА, А КОГА ТРЕТАТА ДОЗА - д-р Јовановиќ објаснува под кои услови и кога ќе се прима
Член на кризниот штаб на Србија, вирусологот Тања Јовановиќ, вели дека делта варијантата на вирусот корона, која официјално е потврдена во Србија, е позаразна и дава различни симптоми од претходните видови на вирусот.
Д-р Јовановиќ, како гостин во РТС Дневник, објасни дека варијантата делта е позаразна, полесно се шири и ги напаѓа и помладите луѓе, давајќи клиничка слика што е малку променета во споредба со претходните соеви.
Кога станува збор за давање на третата доза на вакцина против вирусот корона, Јовановиќ рече дека во таа приказна има три аспекти.
Првиот се однесува на луѓе кои се отпорни на вакцини, кои биле вакцинирани и не развиле имунитет, ниту клеточен, ниту хуморален. Прашањето, вели таа, е дали да им се даде друг вид вакцина за да се провери дали ќе реагираат.
Вториот аспект, според Јовановиќ, е дали новите варијанти носат ризик за ефективноста на самиот имунитет на вакцините.
„Прашањето е како ќе се промени вирусот, ниту една земја нема колективен имунитет, а прашањето е дали приказната за короната ќе заврши во оваа варијанта“, изјави вирусологот.
Третиот аспект, вели таа, е дали имунитетот ќе биде долготраен откако ќе се даде вакцината и дали ќе биде потребна друга доза на вакцината како стимул за имунитет.
„Мислам дека вирусот ќе продолжи да се менува и дека ќе мора да примиме ревидирана вакцина, бидејќи сите вакцини се направени за варијантата Вухан. Новите варијанти се загрижувачки, тие делумно влијаат на ефикасноста на терапијата и малку на ефикасноста на вакцината, сигурна сум дека ќе мора да направиме сезонска вакцина против ковид 19“, потенцира Јовановиќ.
Таа посочи дека повеќе од 99 проценти од пациентите во болниците не биле вакцинирани.
„Вакцината е моќна алатка за да се запре понатамошното ширење на вирусот. Од нас зависи дали ќе ги почитуваме мерките и ќе ја завршиме масовната вакцинација. Ако постигнеме колективен имунитет, нема да имаме проблеми со новата варијанта на вирусот“, изјави Јовановиќ.
Извор. Блиц.рс