Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делта плус сојот на коронавирусот се појави во Косово, има 12 заразени

Делта плус сојот на коронавирусот се појави во Косово, има 12 заразени

Во Косово регистриран e делта плус сојот на коронавирусот. 

Има 12 случаи на делта плус видот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство. Делта плус сојот е тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија. Регистрирани се и уште 47 инфекции на делта видот на коронавирусот.

Косовските власти соопштуваат дека делта варијантата е најдоминантна меѓу новозаразените случаи на Косово и дека исто така постои опасност од проширување на делта плус сојот. Делта плус е нов вид, а според експертите тој се шири побрзо.

Овој сој беше откриен во Грција и Хрватска. Во Србија иако не е потврдено, се верува дека овој сој веќе го има. 

Слично

Поврзани вести