Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делта плус сојот на коронавирусот е потврден во соседството

Делта плус сојот на коронавирусот е потврден во соседството

Делта плус сојот го има кај јужниот сосед. Во Грција се потврдени првите случаи на делта плус. Тие се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина.

Од 384 потврдени случаи за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се потврдени и во Данска, Германија, САД, Израел и Русија. Кипар во понеделникот објави дека и на островот се потврдени првите два случаи на заразени со овој сој. Во светот, делта плус сојот го има во триесетина земји. 

Се смета дека сојот делта плус е за 10 отсто позаразен од делта. 

Слично

Поврзани вести