Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делта плус сојот го има и во Србија?

Делта плус сојот го има и во Србија?

Делта плус сојот на коронавирусот веројатно е пристигнат и во Србија. 

Ова го изјави командантот на воената болница на Карабурма во Белград, Иво Удовичиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

„Во прашање е многу позаразна форма, имаме причина за голема загриженост, бидејќи делта плус сојот мутирал, во делот каде што влегува во клетките, тоа е многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија“, изјави Удовичиќ.

Во Србија во црвените зони се лекуваат над 6.700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270  луѓе. 

Делта плус сојот е откриен во Хрватска, а претходно и во Грција. Србија, Словенија, Хрватска, не се затвораат, но ги заострија ковид мерките. 

Слично

Поврзани вести