Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Делта“ ќе гради центри во регионот, дали и Македонија е опција?

„Делта“ ќе гради центри во регионот, дали и Македонија е опција?
Српската компанија „Делта“ има намера да вложи 200 милиони евра во изградба на нов трговски центар во населбата Автокоманда во Белград, но ако не успее да ги добие потребните дозволи, парите ќе ги пренасочи во изградба на два трговски центри во регионот, открива сопственикот на „Делта“ Мирослав Мишковиќ. Тој не сака да ги открие локациите во регионот, кои веќе ги „мерка“ неговата компанија. Оперативниот профит на „Делта“ во 2013 година изнесува 36,6 милиони евра, а приходот на компанијата надминал половина милијарда евра. Годинава Мишковиќ очекува уште поголем профит, а најави враќање и во малопродажба. Сепак, не открива дали тоа ќе го направи преку преземање на некој од постоечките трговски ланци или преку основање нов и дали плановите ја вклучуваат само Србија или и целиот регион. „Делта“ неодамна потпиша договор за соработка со ланците супермаркети „Лидл“ и „Карфур“. Инаку, судот во Србија на Мишковиќ денеска му ја продолжи забраната да ја напушти земјата за нови три месеци. Според Апелациониот суд, постои оправдана загриженост дека сопственикот на „Делта холдинг“ би можел да се обиде да ја напушти територијата на Србија, па затоа му е одземен и пасошот. При одлучувањето, судот имал предвид дека „Мишковиќ како сопственик и одговорно лице во бројни фирми регистрирани на територијата на Србија, Кипар, Холандски Антили и Девствените Острови, изградил бројни лични контакти, како во земјата, така и во странство, а поседува и значителни финансиски средства“ кои можат да му помогнат да ја напушти земјата. Сопственикот на „Делта холдинг“, неговиот син и уште десетина лица се осомничени за злоупотреби при приватизацијата на повеќе српски претпријатија.
Слично

Поврзани вести