Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деловните тенденции во преработувачката индустрија се движат во нагорна линија

Деловните тенденции во преработувачката индустрија се движат во нагорна линија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката  индустрија во ноември 2016 година е за 0,2 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на ноември 2015 година е зголемен за 4.6 процентни поени. 

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2016, во однос на октомври 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на ноември 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.  Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2016 година изнесува 66.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.3%, недоволната домашна побарувачка со 21.3% и недостигот на квалификувана работна сила со 15.2%.

Слично

Поврзани вести