Деловните субјекти со поповолна економска состојба, но и со намалено производство
Економската состојба на деловните субјекти во септември 2013 година била поповолна во однос на претходниот месец, а исто така поповолна и во однос на септември 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец.
Обемот на производството во септември 2013 година е понеповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се на исто ниво како и претходниот месец.
Во септември 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи во септември 2013 година се намалени во споредба со претходниот месец.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2013 година изнесува 60,9% од нормалното искористување.
Слично
