Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деловни тенденции во преработувачката индустрија

Деловни тенденции во преработувачката индустрија
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во февруари 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, a како понеповолна во однос на февруари 2012 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во февруари 2013 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во февруари 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2013 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2013 година изнесува 60.3% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари 2013 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.6%, недоволната домашна побарувачка со 20.2%, финансиските проблеми со 10.7%, неизвесното економско опкружување со 10.6%.
Слично

Поврзани вести