Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деловната клима оценета како лоша, но повторно би инвестирале во Македонија

Деловната клима оценета како лоша, но повторно би инвестирале во Македонија

На вчерашната конференција за медиуми беа претставени резултатите од анкета за деловната клима во Северна Македонија 2018/2019 која се спроведува веќе 14 години. Резултатите ги презентираа Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Ото Граф, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија.

5% од компаниите ја оценија деловната состојба како добра, 39% како задоволителна, а 56% ја оценија како лоша. Компаниите се оптимисти во однос на очекувањата во 2019, 22% сметаат дека состојбите во стопанството ќе се подобрат. 61% од испитаниците се задоволни од состојбата во сопствената компанија, што претставува одличен показател. Особено н
è радува дека 76% од испитаните компании повторно би инвестирале во земјата. 

Локалните услови се оценети со полоши оценки за разлика од изминатата година. Тоа е “повик за будење“. Инвеститорите ги критикуваат следните фактори: корупцијата, неефикасноста на јавната администрација, правната несигурност, даночните оптеретувања и непредвидливоста на економската политика. 

Анкетата за деловната клима ја одговорија 41 компанија кои работат во земјава. Во оваа анкета учествуваа компании од 20 земји во Југоисточна Европа, во однос на рангирањето на локалните услови Северна Македонија беше рангирана на 13-то место.

„Во изминатите неколку години земјата се истакна како "скриен шампион" во глобалната конкуренција за привлекување на странски инвестиции. Со цел да се задржи овој тренд, споменатите слабости мора да се подобрат“, заклучува Делегацијата на Германското стопанство во Македонија.

Слично

Поврзани вести