Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Службите спасуваа луѓе од лифтови и сечеа дрвја

ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Службите спасуваа луѓе од лифтови и сечеа дрвја

Делови од Грција се под вода. За два дена, противпожарната служба примила 422 повици поради невремето. 

Земјата ја зафати дожд, снег и силен ветер, објави грчката телевизија „Скај“. Повиците се за затнати одводи, спасување од лифтови, сечење дрвја и префрлање на луѓе на безбедни места. 210 од повиците биле во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Невремето го зафати и островот Закинтос, каде имаше одрони на карпи. Поради поплавите, евакуирани беа деца од градинка и училиште. 

И лани во август Грција ја зафати страшно невреме.

Слично

Поврзани вести