Делницата од Градско до Неготино пренасочена-Еве зошто!
Снимањето на Францускиот филм „A Fond” и денеска ја затвори делницата од Градско до Неготино.
Овој дел од автопатот ќе биде затворен во периодот од 05:00 до 18:00 часот и истиот е пренасочен по стариот пат, додека сообраќајот ќе продолжи нормално во текот на .
Ширум земјава сообраќајот се одвива по суви коловози.
За возачите се препорачува посебно внимание да посветат на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Ако патувате некаде возете внимателно со прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на движење е умерен.
