ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ - ОХРИД ПУШТЕНА ВО СООБРАЌАЈ: Продолжуваме на останатите делови (Фото)
Делницата Подмоље - Охрид ја вративме за сообраќај денес за сите возила и пред рокот 10 јули што го ветивме со директорот на ЈП за државни патишта Рустеми.
Ова денеска на својот Фејсбук профил го објави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
- Од денеска сите граѓани, туристи, и сите што ја користат оваа делница ќе можат да возат по главната траса за побезбеден сообраќај.
Се што правиме е со цел развој на Охридскот регион и туризмот во Охрид, продолжуваме со силно темпо да работиме и на останатите делови од автопатската делница Кичево- Охрид - напиша Бочварски.




Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
