Економија, финансии, бизнис

Контакт

Dell – животот по берзата!

Dell – животот по берзата!
Спорот со Карл Ајка е минато, Bloomberg и CNBC за Мајкл Дел веќе едноставно се бука во позадина. Сега Дел повторно почнува да размислува сериозно за бизнисот. Бидејќи овие денови, една година откако тој ја стекна истоимената фирма за речиси 25 милијарди долари од берзата, Дел покажува пред јавноста што сака да направи во иднина со компанијата. Нејзиното реструктуирање според основачот и директор е започнато пред шест години, притоа тој потрошил 18 милијарди долари за 40 превземања и со тоа го вознемири Ајка, како и голем број аналитичари од индустријата. Во Њујорк наскоро Дел им обезбедува на избрани новинари прв поглед кон идните планови. "Во моментов тој се радува на најдоброто време од својот живот", вели Арон Леви, коосновач и извршен директор на Box. "Тој ја држи контролата и се уште има многу средства кои луѓето не го разбираат". Дел поседува сеопфатна стратегија во времиња во кои конкуренти како Hewlett-Packard и IBM го делат бизнисот или дури бришат дел од себе. Dell има софтвер, опрема за складирање и мрежи, услуги и сензори. Компанијата развива софтвер кој имитира мимики или тонови на гласот. Компанијата има развиено и уред кој го конвертира дигиталниот телевизор во хотелската соба во сигурен корпоративен PC. А еден од таблетите на Dell е најтенкиот и најлесниот таблет во светот, со екран со 4 милиони пиксели и 3D камера. Но, се разбира, има и многу нови компјутери. "Генералниот план" на Dell сепак останува непроменет - да се влегува на нови пазари со визијата за пониски трошоци, а потоа да го направи најевтиниот производ подобар. Така уште пред две децении Дел интервенира сериозно на пазарот за персонални компјутери и сервери, а првично го изработува првиот компјутер од својата соба во студентскиот дом. Според аналитичарот на Sanford Bernstein Тони Саконачи Dell се уште е доста зависен од компјутерите. Во моментов инаку намалениот по појавата на iPad PC бизнис повторно се оживува, не на последно место и во САД, иако е дискутабилно дали тоа ќе дојде, за да може Dell да расте здраво. Сепак едно е јасно - како приватна компанија Dell може да зема многу побрзо решенија отколку како берзански концерн. Освен тоа, производителот се намали - од вкупно 110 000 вработени пред една година при симнувањето од берзата сега се останати околу 90 000. A "намалувањето" може да продолжи уште: "Тие треба да се заживеат од внатре кон надвор", вели аналитичарот од IDC Мет Иствуд . "20 до 30 отсто од луѓето таму кои не се откажале од своите стари навики, најверојатно нема да преживеат". Мајкл Дел сепак, чие богатство се проценува од Bloomberg на 16 милијарди долари (од кои голем дел се паѓаат на делот од 75% во компанијата), очигледно не располага со амбиција да се освојува повторно на берзата со Dell на многу повисока цена: "Јас ја направив компанијата јавна во 1988 година, бидејќи ние имавме потреба од капитал и мораше да се направи име ". а денес?" Бевме таму веќе, го сторивме тоа", вели тој. К.К.
Слично

Поврзани вести