Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од зградата на ВМРО-ДПМНЕ била дивоградба

Дел од зградата на ВМРО-ДПМНЕ била дивоградба

Секторот за инспекциски работи на општина Центар констатира дека балконот од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ не бил внесен во урбаната опрема, а сепак е изграден и пуштен во употреба.

По инспекцискиот надзор на објектот, раководителот на секторот Кочо Стојчески рече дека иако деловниот простор на градбата е веќе пуштен во употреба, за балконот е дадено противуправно одобрение од Град Скопје.

Дали тој ќе биде отстранет зависи каква одлука ќе донесе општинскиот инспекторат во наредниот период.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека постапката за изградба на обејктот е целосно транспарентна.

,,Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи. Врз основа на закон за настрешницата град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија.“ - се вели во нивното соопштение.

Слично

Поврзани вести