Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ ГИ ДОБИЈА ВЛАДИНИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ:Голем е револтот во болницата

ДЕЛ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ ГИ ДОБИЈА ВЛАДИНИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ:Голем е револтот во болницата

Дури 100- тина вработени-технилки кадар во ГОБ „8 Септември“, кои изминативе 5 месеци, откако болничката установа стана Ковид-центар за најтешко болните пациени, останаа без најавената парична помош пртеку платежните картички. За Фактор велат дека револтот кај нив е уште поголем бидејќи кога реагирале и прашувале зашто се дискриминирани, им било посочено дека грешкатата ќе биде исправена.

-Навистина сме лути, зошто раководството на ГОБ „8 Септември“ не уверуваше дека  и ние сме биле на тие списоци за платежни картички. Не е фер, бидејќи рамо до рамо со сиот медицински кадар, сите овие изминати месеци макотрпно работиме во смени. Платежни картичли добија дури некои доктори кои седеа дома, бидејќи не беше потребен нивниот ангажман околу болните од ковид, велат извори од градската болница за Фактор.

Што се однесува до заштитната опрема, како што појаснуваат, кога до пред месец дена и чаршавите од болните ги собираа без скафандери, за што пишуваше Фактор, сега од тој аспект има големо подобрување.

-Добро е што редовно добиваме заштитна опрема за да не се заразиме со вирусот, бидејќи постојано сме во контакт со пациентите кои се хоспитализирани тука, а во моментов има точно 100. 

А.Б.


Слично

Поврзани вести