Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛ ОД ТРГОВЦИТЕ СО ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ БАРАААТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ - изработката на веб страниците за објавување на цените им е финансиски, технички и кадровски проблем

ДЕЛ ОД ТРГОВЦИТЕ СО ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ БАРАААТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ - изработката на веб страниците за објавување на цените им е финансиски, технички и кадровски проблем

Се огласи Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехранбени производи, со барање да се продолжи рокот за објавување на цените на производите на нивните веб страници. 

„Имајќи ги предвид тековните околности и предизвици со кои се соочуваат нашите членки во процесот на дигитална трансформација, упатуваме официјално барање до Министерството за економија за продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на оваа обврска.
Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата.

Сметаме дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти, но најмногу на оние на кои им е најпотребно а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција.
Очекуваме разбирање и соработка од надлежните институции, со единствена цел – градење стабилна и конкурентна економија, во која секој економски субјект има фер можности за развој и напредок“, се вели во соопштението од Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехранбени производи.
 

Слично

Поврзани вести