Дел од касараната Илинден ќе стане меѓународна финансиска зона
Дел од старата касарна Илинден ќе стане меѓународната финансиска зона во Скопје. На простор од 10 до 20 хектари, наместо воените бараки и полигони ќе се градат модерни деловни центри, јавува ТВ Алфа.
Касарната е со вкупна површина од околу 80 хектари. На дел од нив ќе се градат незагадувачки деловно – административни згради и придружни услужни објекти.
Премиерот Никола Груевски претходно најави дека Владата има идеја да направи меѓународна финансиска зона во Скопје, каде со ниски даноци ќе привлече странски банки, осигурителни компании, инвестициски фондови.
Слично
