Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од фирмите нема да исплаќаат К-15?

Дел од фирмите нема да исплаќаат К-15?

 Се ближи крајот на годината, а работниците се уште во неизвесност дали ќе им биде исплатен к-15. Според законот секој вработен до крајот на декември треба да добие најмалку по 8 500 денари.

Но, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, за „Слободен печат” објаснува дека не секоја фирма има обврска да исплаќа К-15. Тој вели дека такво право имаат фирмите кои работат со загуба, откако претходно ќе побараат дозвола од Синдикатот.

- Според измените на Колективниот договор што се објавени во „Службен весник“ на 14 јули, компаниите што имаат економски тешкотии, кои имаат загуби, или пак, имаат блокирана сметка, во спогодба со синдикатот може да договорат помала исплата од 40 проценти од просечната плата во Македонија, износ што е прецизиран како најмал износ за регрес за годишен одмор. Но, нема долен лимит за колку може да се намали К-15, што практично значи дека ако фирмата нема можности, и не мора да исплати регрес. Сега, останува на компаниите што имаат економски тешкотии да го искористат ова свое право, односно навреме да се спогодат со синдикатот - вели претседателот Димитров.

За останатите фирми кои фунционираат нормално, според Колективниот договор, најмал исплатен износ нa K- е 40 проценти од просекот на трите последни просечни плати во Македонија. Засега, последен податок што го објавил Државниот завод за статистика се однесува на просечната плата во септември и таа изнесувала 22.024 денари. Значи, фирмите треба да исплатат за К-15 околу 8.800 денари.

Со промена на кривичниот законик пак, определено е дека работодавач кој ќе побара од вработен да му врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавецот, ќе се казни со затвoр од три месеци до три години.

Слично

Поврзани вести