ДЕКЕМВРИСКИ ИЗБОРИ: И Груевски сит и Заев на број?!
Горазд Чомовски
Со месеци се натегаа, препукуваа, надмудруваа за на крај да излезат пред медиумите среќни, насмеани и задоволни што заеднички се согласиле дека се исполнети условите за фер, демократски и кредибилни избори.
Дали леснотијата и самоувереноста во настапот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и неговиот став дека тој прифатил се’ што политичкиот конкурент побарал од него фрла сомнеж за можен таен договор меѓу Никола Груевски и Зоран Заев?.
Извори за Фактор велат дека подолг период неколку странски дипломати дури ја заговарале тезата за амнестија што подразбирало целосно повлекување на лидерот на владејачката партија и екс премиер од политичката сцена. Вчерашната лидерска средба може да се толкува и како вовед во понатаможно договарање по изборите за формирање на Влада на широка коалиција.
„Атмосфера која по изглумената оптимистичност на власта и фингираната еуфоричност на опозицијата ме потсетува на ситуацијата по 23 Декември и локалните избори. Многу врева од двете страни, но овој пат новоста е што јавноста е речиси потполно рамнодушна и неприемчива за нивните пропаганди.
Спротивно на сплотеноста на четирите лидери во давањето споделена оценка дека се создадени услови за фер и демократски услови, реалноста е дека тие услови не се ниту отблиску обезбедени. Фактот што сите четири лидери сакаат да го наметнат над граѓаните тој спин преку нивните партиски мегафони е доволно да се предупреди дека не очекува уште една рунда на сомнителни избори. Избори кои ќе бидат политички, но никако слободни, фер и најмалку демократски. Значи продолжение на досегашната пракса, за која само наивните може да веруваат дека може да биде променета од четири партии кои опстојуваат врз недемократски, нефер и неслободни избори. Со својот ноншалантен гест Груевски кон СДСМ обезбеди одредена психолошка предност, притоа прецизно поентирајќи врз недоследностите на опозицијата и т.н. "Шарена револуција".
Тоа можеби е изглумено џентелменство и фингирана самоувереност, но со обзир на тоа дека Груевски се има докажано како умешен во преживување и непредвидлив во поведение, останува да се види дали зад таа изјава се кријат и некои скриени адути кои допрва ќе ги употреби. Во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за изборите ја префрли делумно врз СДСМ, ДУИ, ДПА, но уште повеќе врз САД и ЕУ кои со обзир на дадените ветувања за Мартовските и Јунските избори, сега имаат помалку простор за дејствување. Поради сето наведено, се плашам дека во очите на граѓаните она што ќе уследи со стар-новата преодна влада, со распуштањето на Собранието и начинот на кој ќе се одржат изборите ќе бидат повеќе судбински за опозицијата и меѓународната заедница а многу помалку за ВМРО-ДПМНЕ“ , изјави Арсим Зеколи, поранешeн амбасадор .
Упатените проценуваат дека техничката влада пак ќе биде проблематична. Со тоа што ќе се приближиме до датумот за кој се закажани изборите ќе се разгорува таа војна внатре во тие институции за партиска промоција и партиска пропаганда. По формирањето на преодната влада која ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе има министри во МВР и труд и социјала и заменици во финансии, земјоделство и јавна администрација е можно да се одложат пак изборите. Ако се предизвикаат големи проблеми во институциите кои би ги направиле нефукционални.
„Пред наши очи се „решаваат“ минорни проблеми, додека суштинските се недопрени. Со месеци сме бомбардирани за „проблемот“ со „ад хок телото“ за регулирање на медиумите. Живиот песок што одамна ја проголта новинарската професија нема магично да исчезне со потпис на четворицата моќници. Партиските агит-проп платеници нема преку ноќ да станат достојни новинари во професионални медиуми.
Главната грешка на опозицијата, според мене, е што уште од самиот почеток целата политичка криза ја врами како лошо владеење на една политичка гарнитура. Причината за кризата беше персонализирана. Оттука природно произлегоа и наивните обиди за решенијата за кризата. Ова беше површно направено преку: (1) „Вистината за Македонија“ со која беа целени едни, а игнорирани други корумпирани политичари, на пример албанските челници; (2) опсесијата со предвремени избори како решение; (3) заблудата дека СЈО само ќе ја реши кризата преку кривичен прогон на корумпираните политичари; и (4) откако се виде дека нема ништо од добивање услови за фер, демократски и кредибилни избори, опозицијата како да се концентрира на одредени технократски фикс-решенија, како: „ад хок телото“ за регулација на медиумите, прочистување на списокот, методологијата и слично. А, како намерно да беше занемарен пописот?! Во сите овие случаи режимот се покажа очекувано отпорен. Зашто, ги има четирите полуги на тоталитарната власт: медиуми, судство, полиција и финансии.
Кои се вистинските причините за кризата? Причините не се ниту персонални, ниту организациски – во оваа или онаа политичка структура, овој или оној политичар. Тие се дадени во Извештајот на Прибе. Европските експерти укажуваат на системската природа на проблемот. Самиот систем е проблемот! Системот на етатистички авторитаризам, заробената држава, клиентелизмот и корупцијата, целосната партизација на економијата и општеството, и можеби најважното: отсуството на јавен надзор и контрола врз органите за безбедност и контра-разузнавање. Ниту еден од овие суштински проблеми не е зафатен во коренот. Не само поради слабата опозиција, туку и поради недостатокот на волја кај т.н. меѓународна заедница, што покажува волја за ефикасни промени, ама, на други точки во светот!
Што да се прави? Ако проблемите не се персонални, туку системски, тогаш и фокусот на решенијата не смее да биде само врз персонални промени. Оваа власт се разбира мора да си замине. Но, битно е да замине системот, што не го воспостави само оваа власт! Затоа, фокусот на сите слободарски, демократски сили во општеството мора да биде промена на системот. Оваа промена не може да ја направат поединци, ниту организации (партии) што учествувале во изградбата и репродукцијата на овој систем. Оваа промена нема да се случи на овие предвремени избори. Ама, зародишот може да се навести набргу. На што алудирам? На изградба на широко демократско движење што ќе отвори процес за разнебитување на овој партиско-криминален-разузнавачкиот режим “ вели универзитетскиот професор Јордан Шишовски
Додека трае изборната кампања се очекува Специјално јавно обвинителство да ги покрене и првите обвиненија против лица од аферата „Прислушкување“, освен ако во меѓувреме Уствниот суд не ја оспори уставноста на оваа институција. Во таа насока по се изгледа беше и предупредувањето на лидерот на опозицијата до Грувески да не помислува да го прекрши договореното обидавјќи се избега од првада. Но што доколку Собрнаието се распушти а потоа Уставниот суд донесе одлука за укинување на на СЈО ?
„Лидерот на опозиционата СДСМ Зоран Заев веке има долга и бурна "историја," со поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски,особено во последната 1,5 година од почетокот на политичката ктиза тој добро знае дека е подговен на се за да ја сочува сопствената кожа и да ја избегне правдата. Нема да му биде прв пат да ги стави во функција на својот личен интерес и во интерес на партијата институцииите. Впрочем, Уставниот суд еднаш веќе беше (зло)употребен околу Законот за помилување, со кој му се даде можност на претседателот да аболира 56 лица,па дури и некои за кои не се води ниту постапка.
Оттаму заканата на Заев за жесток одговор е со намена да пресретне некои планови на владејачката партија.без оглед дали Заев има информации дека нешто се подготвува (укинување на СЈО во време кога Парламентот е распyштен, па нема да се испочитува договореното) или пак,само превенира,опозициониот лидер уште еднаш потврдува колку важност му дава на функционирзњето и работата на СЈО, од каде веќе доагаат некои најави дека е можно наскоро да има прво обвинение.не е ислyчено,дека СЈО ке се обиде да расчисти дел од изборната магла,бидејки не случајно токму првиот предмет што се отвори бешбе "Титаник" за изборните манипулации.
Играњето со оган околу СЈО, може да доведе до ситуација да има датум на избори, но без избори. Заштолесно може да се случи, наместо во кампања и зад гласачки паравани, опозицијата, но и сите оние што го поддржуваат СЈО ,повторно да се вратат на улица и протестиа а без опозиција,тешко дека ке мозе да се зборува за фер и легетимни избори,“ објаснува новинарката Гордана Дувњак.
Едно од клучните барања на опозицијата за одржување на изборите беше прочистувањето на избирачкиот список. Во Македонија не е спроведен помис речиси 15 години. Во 2011 година пропадна обидот да се споведе оваа статистичка операција
Дали се можни регуларни избори беше споведени попис на населението ја прашавме поранешната директрока на Државниот завод за статистика Благица Новковска
„Избори без спроведен Попис се можни, а колку ќе бидат фер, демократски и кредибилни ќе зависи од волјата на политичките партии и степенот на прочистеност на избирачкиот список. Ако се постигне високо ниво на кредибилни избори ќе се создадат и основни услови за подготовки за следен Попис. Во спротивниот случај, тоа ќе биде силен показател дека не се создадени неопходните предуслови за спроведување на Попис“, изјави проф. Благица Новковска
Најверојатно утре ќе се формира преодната влада, а исто така се очекува Санта Аргирова да стапи на функцијата уредник на информативната редакција МТВ,.

Слично