Економија, финансии, бизнис

Контакт

Декемвриската исплатена нето-плата изнесува 22 407 денари

Декемвриската исплатена нето-плата изнесува 22 407 денари

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен, во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 104.2 покажува извештајот на Државниот завод за статистика.

Имено ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16.9%), Градежништво (11.5%) и Преработувачка  индустрија (8.8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19.8%), Трговија на големо и трговија на мало;  поправка на моторни возила и мотоцикли (11.1%) и Други услужни дејности (9.7%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22 407 денари додека во декември 2014 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 103.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13.9%), Градежништво (11.8%) и Дејности во врска со недвижен имот (9.1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16.4%), Трговија на големо и трговија на мало;  поправка на моторни возила и мотоцикли (9.8%) и Преработувачка индустрија (9.0%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2014 изнесува 32 741 денари.

Слично

Поврзани вести