ДЕЈНОСТА ПРЕД КОЛАПС: Танцовите центри преку протест ќе бараат отворање и помош од државата
Дејноста е пред колапс велат танцовите клубови кои денес им се придружуваат во протестите на угостителите и сметководителите.
Од танцовите центри соопштуваат за големите штети кои ги претрпуваат поради ковид пандемијата, односно поради забрана за работење на нивниот сектор а истите не се на листата за надомест на штетата.
Откако се воведе забраната за работење на танц клубоввите, тие во соработка со танцови центри ширум Европа изготвија протоколи за работа според кои функционираа.
Сепак, тие се револтирани зошто ги нема на списокот за државна помош и барем делумно покривање на штетите.
За нив селективни се и одлуките на надлежните со кои велат, се повредуваат нивните права повикувајќи се на фактот дека останатите спортски и уметнички активности во земјата не се спречени.
