Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деградација на МНР причина за протест на дипломатите

Деградација на МНР причина за протест на дипломатите

Поради деградираноста и дерогацијата на основните функции на Министерството за надворешни работи денеска Синдикатот на дипломатската служба одржа предупредувачки протест.

На протестот дипломатите побараа репрофесионализација на дипломатската служба и департизација, о ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и, со тоа, враќање во сила на оригинерниот текст ЗНР од 2006 г. за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, најитно повлекување на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година, и враќање на Законот за државни службеници од 2000 г. во неговата оригинерна форма, за избегнување потполна зависност на вработените од актуелниот политичар на чело на институцијата.

За дипломатите спорни се и ингеренциите на економските промотори, кои според нив се поголеми од оние на дипломатските претставници.

Слично

Поврзани вести