Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дефлацијата зема залет во 19 членки на ЕУ

Дефлацијата зема залет во 19 членки на ЕУ
Во 19 земји членки на Европската унија дефлацијата зема залет. Во јануари цените во еврозоната беа за 0,6 отсто пониски од истиот период минатата година. Бројките покажуваат дека од декември, кога цените беа за 0,2 отсто пониски отколку пртходниот декември, еврозоната се повеќе влегува во дефлација. Намалувањето на трошокот за енергија, при што цената на нафтата е за речиси 60 отсто пониска, е главната причина за падот на цените. Цените на енергијата во јануари паднаа за 8,9 отсто. Ако од пресметките се изземат храната и енергијата, цените во еврозоната сѐ уште сѐ уште растат со инфалциска стапка од 0,5 отсто, што е намалување во однос на 0,7 отсто од претходниот месец. Минатата недела Европската централна банка стартуваше програма која треба да ги врати цените, преку инјектирање на 1,1 трилиони евра во европската економија.
Слично

Поврзани вести