Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕФИНИТИВНО: Бугарија ги прекина работите на Јужен тек!

ДЕФИНИТИВНО: Бугарија ги прекина работите на Јужен тек!

Бугарија ги прекина работите на проектот за гасоводот Јужен тек, објави бугарскиот премиер Пламен Орешарски, по средбата со група американски сенатори денеска.

„Го примивме барањето на Европската комисија, по што донесов одлука за суспендирање на работите. Понатамошните активности ќе бидат појасни по дополнителните консултации со Брисел“, изјави Орешарски.

ЕУ во средата побара од Софија да ги прекине работите за изградба на гасоводот. Претставничката на Европската комисија за енергетика Сабина Бергер тогаш наведе две правни причини за ваков чекор. Првата е барањето на Европската комисија да се усогласат билатералните владини спогодби за изградба на Јужен тек со нормите од Третиот енергетски пакет на ЕУ.

Освен ова, Брисел ја осомничи Бугарија за прекршување на европските правила при рспишувањето на тендерот за изградба на инфраструктурни проекти затоа што Софија во изградбата на гасоводот предност и привилегии им дала на руските и бугарските компании.

Русија уште не добила никакво официјално известување од Бугарија дека се прекинати работите на Јужен тек, соопшти веднаш руското Министерство за енергетика.

Путин: Руските гасоводи можат и да ја заобиколат ЕУ

Слично

Поврзани вести