Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дефект на авионот со кој Иванов замина за Сараево

Дефект на авионот со кој Иванов замина за Сараево

Aвионот на Владата  со кој патува претседателот Ѓорге Иванов утрово откажал во Сараево.

Иванов од Сараево ќе замине во Софија со комерцијален лет поради дефект на лирџетот. Дефектот е констатиран утрово во 9 часот при редовниот преглед на системот при што е забележано дека откажал електронскиот уред на авионот наречен инвертер. Авионот е  на аеродромот во Сараево и се чека да се добие одобрение за прелет во вакви специфични услови и тоа од фирмата од каде што е купен авионот и од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија.

На Иванов во Сараево му беше врачена меѓународна награда „Иса бег Исаковиќ, што Босна и Херцеговина секоја година ја доделува на европски државници.

Слично

Поврзани вести